Им го украл телефонот додека имале секс на Водно

Мада двојка која се одлучила вечерното излгување да го надополни со „афтер“ забава на Водно, дома си заминала без телефонот. Како што пишува весникот Вечер, по интимната дружба, девојката забележала дека и го нема телефонот, но дуи а крајот увидела дека манијакот успал да ја протне раката низ малку отворениот прозор и да го ивзлече.

- Најпрво телефонот го баравме низ целиот автомобил, но ни на крај памет не ми падна дека некој можел да го земе, мислев дека е паднат. Прозорецот беше сосема малку отворен, но очигледно доволно за некој да провлече рака и да го земе. Загубата како загуба и не е толку страшна, но помислата дека некој бил во автомобилот не стресе. Знаевме и двајцата дека тоа што со години се прави во вечерните часови на Водно, не само што не е дозволено, туку е и казниво и речиси секогаш тука демнат манијаци, но ете тоа што немаме друго место не натера да појдеме на Водно. Сепак, и покрај сите околности, не ни помисливме дека е украден и не ни се веруваше дека успеал некој да ни се прикраде и тоа да го стори, раскажуваат младите скопјани за Вечер.

Бидејќи сексот на јавни места е забранет, двајцата не се осудиле да одат и да пријават во полиција. Наместо тоа велат ова ќе им биде поука да внимаваат каде одат во ноќните часови. 
Од СВР Скопје велат дека за чинот секс на јавно место може да се заработи казна од 100 до 400 евра, што е предвидено со Законот за јавен ред и мир со членот што опфаќа дрско и непристојно однесување во јавност.

- Секс на јавно место како прекршок не е опфатен во член 3 во прекршоци против нарушување на јавниот ред и мир, но може да се санкционира по член 4 од истиот закон за дрско и непристојно однесување во јавност. Казните за секс на јавно место се движат од 100 до 400 евра. За разлика од сексот на јавно место, кој се смета за прекршок, манијаците кои полово се задоволуваат на јавно место подлежат на кривична одговорност, објаснуваат од полицијата.
Сепак, бидејќи и прекршителите на законот се многу внимателни, тешко може да се уловат. Сепак, сите оние што планинарат на Водно и шетаат по парковите во Скопје сведочат дека овие локации се преполни со искористени кондоми, што пак укажува дека забраната за секс на јавно место и не ги плаши многу скопјани.

03.10.2013 - 13:14

најчитано сега