Старт на предизборната кампања во Косово

Од денеска официјално стартува предизборната кампања за локалните избори во Косово.

224 лица се кандидирани за градоначалници, додека за општински советници има 7.740 кандидати.

На изборите ќе учествуваат 103 политички субјекти, од кои 50 се од албанската заедница, 31 од српската, три од турската, девет од бошњачката, три од црногорската, еден од горанската заедница, двајца од ашкалиската, двајца од ромската и по еден од египетската и хрватската заедница.

03.10.2013 - 13:10
Фото: 
дојче веле

најчитано сега