Го преполнил „Југото“ со тутун и тргнал на пат - Србин уловен на „Табановце“

Вчера попладне, македонската полиција уловила Србин кој во своето „Југо“ скрил 30 килограми тутун.

Од МВР информираат дека тутунот кој го криел 54 годишниот Србин М.Р., бил пронајден на граничниот премин „Табановце“, на излез од Македонија. Од полицијата велат дека работат на целосно расчистување на случајот.

03.10.2013 - 12:56

најчитано сега