Страшна несреќа во Скопје: Излетал се забил во знак па во дрво

Во 11 часот и 20 минути во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистерски таблици, управувано од 25-годишниот А.А. од селото Арачиново-скопско, излетало од коловозот.

Возилото според податоците на МВР денеска излетало и удрило во сообраќаен знак, а потоа и во дрво. 

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2019 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега