Пејачката Гога Секулиќ по пет месеци пауза се враќа на сцена

Фолк пејачката Гога Секулиќ вечерва ќе го има првиот настап по смртта на својот сопруг Игор. Пејачката вечерва ќе пее за публиката во Загреб, по петмесечната пауза која ја направи поради смртта на својот маж.

- Поминувам во најтешкиот период од мојот живот. Не ми е воопшто лесно но морам да почнам да работам. Вечерва во Загреб и се враќам на работата. Членовите на моето семејство како и моите пријатели се секогаш до мене за да ми дадат поддршка. Со мене се и моите обожаватели кои ми даваат сила да продолжам напред, изјавува Гога, пренесува српски Курир.

Освен што им се враќа на настапите, Секулиќ ќе започне и со подготовката на својот најнов албум. 

03.10.2013 - 12:49
Фото: 
Плусинфо

најчитано сега