Џеј Зи: Жал ми е што го уништив животот на децата на кои им продавав дрога

Светски познатиот рапер и сопруг на пејачката Бијонсе, Џеј Зи, си ја отвори душата и раскажа дека тој научил се за бизнисот кога продавал дрога на улиците во Њујорк.

- Кога бев млад живеев во многу проблематичен крај, крекот беше секаде околу мене, па и сега можам да се сетам на мирисот кој се ширеше во мојот крај, раскажува Џеј Зи.

Раперот во својата изјава објаснува и дека сега навистина му е жал што ги уништувал децата со дрогата која ја продавал за да си купи инструменти.

03.10.2013 - 12:39

најчитано сега