ВИДЕО: Има 51 година а ја дои петгодишната ќерка!

Маха Ал Муса од Њу Саут Вест во Австралија има 51 година а ја дои својата петгодишна ќеркичка. Муса која има три деца, престанала да ги дои своите два сина кога имале  две години, но кога го добила третото дете токму поради тоа сакала да продолжи да го дои се додека може.

- Амина лесно се навикна на доењето и истиот момент кога ја почувствував таа врска, се навикнав. Верувам дека доењето ѝ го зајакнува имунитетот. Досега ретко била болна, а темпераментот и е помирен и поопуштен од другите деца. Планирам да ја дојам се додека не наполни 10 години, ако таа го сака тоа, изјавува мајката.

03.10.2013 - 12:16

најчитано сега