СДСМ: Сиљановска призна дека нејзиниот сопруг купил куќа од државата додека била министерка

 

Гордана Сиљановска денеска призна дека додека била министерка во Владата, нејзиниот сопруг купил станбен простор во државна сопственост во центарот на Скопје, велат од СДСМ.

„Кандидатката на Христијан Мицкоски, Сиљановска уште еднаш потврди дека е пример за транзициски профитер. Додека таа била министерка во Владата, нејзиниот сопруг добил профитабилен бизнис со фри шоп, а потоа купил куќа од државата, што е оправдано сомневање за постоење на непотизам и конфликт на интереси.

Пред граѓаните, Сиљановска мора да одговори која била нејзината улога во купопродажбата на станбен простор од над 100 квадратни метри на атрактивна локација во Скопје“ стои во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2019 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега