Адријан Гаџа ги демантираше шпекулациите: Не сум заљубен и немам девојка
Популарниот пејач Адријан Гаџа ги дематираше шпекулациите кои се појавија дека има нова девојка, но откри и која е неговата најголема љубов во моментов.
- "Нема врска дека имам девојка. Ме фотографирале во опуштена атмосфера на кафе со другарка и напишале дека сум заљубен. Тоа се глупости. Сам сум и немам никој во моментов. Кучето Симба ми е партнер", вели Гаџа за Вечер.
Периодов за Гаџа бил многу напоред бидејќи заедно со Јован Јованов и Роберт Билбилов работи на новиот албум на албански јазик кој треба да излезе наскоро. Како што пренесува Вечер, тој ја нема заборавено македонската публика и ќе се обиде да ја изненади со нешто ново.
- "Сакам да спремам нешто и на македонски. Кај нас, за жал, ситуацијата е за никаде. Естрадата полека ни тоне и тоа е жално. Сепак, моите фанови заслужуваат нова песна и ветувам дека наскоро ќе ја добијат", изјавува Гаџа.