Падна снег и во Србија

Снег падна и во Србија. Како што пренесуваат српските медиуми, снежна покривка го покри Копаоник, а снег паднал и на Стара планина и Бабин заб.

Во текот на вчерашниот ден на Копаоник била измерена температура од  минус еден степен, а дувал и силен ветер со брзина од шест метри во секунда.

- „Не паметам дека некогаш волку рано паднал снег. Минатата година цел октомври имавме температури околу 20 степени, а годинава веќе на 2 го имавме првиот снег. Крововите и тревата се побелени , на асфалтот нема поголеми задржувања, изјавил за српските медиуми вработен во  хотелот Елекетростопанство Србија на Бабин заб.

Инаку, оваа зима се најавува дека ќе биде многу студена зима.

03.10.2013 - 11:57

најчитано сега