Боки13 „беснеел“ во скопскиот Суд: „Елена Ристеска ќе си добие чоколадна бананица“

Денеска завршил судскиот спор меѓу македонската пејачка Елена Ристеска и композиторот Дарко Димитров од една страна, и познатиот шоумен Бојан Јовановски, познат како Боки 13, од другата страна. Тужителите Ристеска и Димитров денеска не се појавиле во Основниот суд - Скопје 2.

По речиси четири години, спорот се раздвојува бидејќи веќе било пресудено во претходна постапка во која Боки платил глоба од 24 илјади денари. 

Шоуменот Боки 13 денеска, дотеран и расположен се појавил во судницата, а таму, бил прилично гласен. Тој дофрлал дека пејачката Ристеска ќе си добие „чоколадна бананица“.

Инаку, поп-пејачката Елена Ристеска го тужеше Боки за клевета, откако тој изјави дека Ристеска и композиторот Дарко Димитровски биле во врска.

 

 

03.10.2013 - 11:51