Есмералда си ја отвори душата: Дрогата ми го направи животот пекол

Актерката која ни е позната по серијата „Есмералда", Летиција Калдерон, во јавноста изнесе информации за нејзиниот живот кои ги шокираа нејзините обожаватели.

Актерката призна дека откако ја снимила популарната серија започнала да конзумира дрога со што си го уништила животот.

-Бев млада, на врвот од својата кариера, имав многу пари и се ми беше достапно. Непромисленоста и лудоста за малку ќе ги платев со животот. Шмркав и кокаин, а во тоа ме вовлекоа долгогодишните пријатели, открила Летиција и додала дека сега е среќна што сето тоа останало зад неа.

Инаку, актерката решила да се откаже од лошата навика откако нејизна пријателка го загубила животот поради дрога.

03.10.2013 - 11:28

најчитано сега