30 дена притвор за шефот на кабинетот на Алити

Истражен судија му одреди 30-дневен притвор на шефот на кабинетот на директорот на „Македонски Пошти“, Рафиз Алити. Тој вчера беше уапсен, поради сомнение дека сторил тешки дела кои ја загрозиле општата сигурност.

Делото за кое се сомничи шефот на кабинетот на Алити, се поврзува со пожарот кој во јануари годинава избувна во седиштето на Македонски Пошти во центарот на Скопје.

Штетата која ја предизвикал пожарот дополнително ќе се утврдува. Во моментот кога се случи пожарот, Поштата не беше осигурана и дури потоа беше склучен договор со осигурителна компанија која се обврза да ја покрие штетата.

Директорот на „Пошти“, Рафиз Алити вчера изјави дека апсењето било политички мотивирано.

03.10.2013 - 11:33

најчитано сега