Не сакал да се роди а денеска му е се - приказна на еден татко која ќе ви го скрши срцето

Оваа трогателна приказна на еден татко кој не сакал да се роди неговата ќерка со Даунов синдром ќе ви го скрши срцето.

Пилот и агент на ФБИ Хит Вајт кога дознал дека неговата сопруга Џенифер ќе му роди дете со Даунов синдром, не сакал ни да чуе тоа бебе да се роди.Сопругата сепак одбила да абортира и во 2007 година родила женско бебе.

- „Мојата главна загриженост беше она што луѓето ќе мислат и како ќе гледаат на мене. Јас се прашував која е причината за слабоста во мене. Кога ми се роди дете со Даунов синдром се чувствував како да умирам. Направив се што можев за Џенифер да абортира и иако не бев насилен, не ја поддржав кога и беше потребно, раскажува Хит Вајт.

По неколку месеци  подоцна, тој сфатил дека најголемата разлика меѓу Пејзли и другите деца е тоа што таа е негова.

-Го помнам моментот кога се се смени. Ја држев во раце и ја скокоткав, а таа се закикоте. Нејзините насмевки одеднаш ми ги отворија очите, сфатив дека таа реагира, како и другите деца, а единствената разлика беше што тоа мало дете е мое дете, вели Вајт.

Денес малата Пејзли е светлина во мракот и инспирација на семејството Вајт кое покрај неа има уште две деца.

03.10.2013 - 11:21

најчитано сега