Влада ја запроси Наташа Беквалац на Ибица!

Српскиот манекен Влада Вуксановиќ ја запросил својата девојка, српската пејачка Наташа Беквалац, за време на нивниот одмор во Ибица.

Како што пренесува српскиот портал „Трачара“, Влада и Наташа се свршиле на Ибица каде пејачката го прославила својот 33 роденден. 

- Влада и Наташа поминале 10 прекрасни дена на најпознатиот балеарски остров. Наташа не ни насетувала дека Влада ќе ја запроси за нејзиниот роденден, кој го прославиле сами на преубавата плажа Форментера. Кога се вратиле во хотелот, пејачката добила подарок од Влада, скапоцен дијамантски прстен, открива анонимен извор за трачара.

Инаку, на Твитер Наташа објави и фотографија од одморот на кој се гледа прстен на нејзината рака.

03.10.2013 - 11:06

најчитано сега