Научниците открија нов лек за ракот на дојка

Група шкотски научници, откриле нов лек за онколошките болести. Според истражувачите од Универзитетот Абердин онколошките болести може да се лекуваат со едно прилично необично средство – крв од ајкула.

Крвта на ова животно има специфични антитела, кои го прават третманот многу поефикасен.Можно е сепак тие да се применуваат и врз други видови на рак. Самите антитела, чие име е IgNAR, се единствени и не се среќаваат кај ниту едно друго суштество.

Инаку, ракот на дојката е една од најчестите болести во светот.

03.10.2013 - 10:50
Фото: 
доктори.мк

најчитано сега