Наградата „11 Октомври“ оди во рацете на Керим, Амети и Аргировски

Oдборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ одлучи наградата за животно дело во областа на науката и образованието да му ја додели на проф. д-р Срѓан Керим, економист и дипломат.

Државната награда „11 Октомври“ во 2013 година за животно дело во областа на културата и уметноста му припадна на проф. м-р Решат Амети, ликовен уметник.

Највисоката награда за животно дело во областа на новинарството и публицистиката оди во рацете на Драгослав  Аргировски, новинар и публицист

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2013 година во македонското Собрание.

03.10.2013 - 10:57

најчитано сега