Тешка несреќа за Први Мај во Македонија - Се искршија две возила

Во 12.30 часот вчера на крстосницата од магистралниот пат Битола-Ресен со регионален пат Макази-Маркова Нога, кај место викано Макази, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Д.М. од Битола, а сопатници биле Љ.М.(59) и едно лице на возраст од 16 години од Битола и патничко возило „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Ф.В. од село Радолишта, струшко, а сопатници биле  Г.М.(21), А.М.(39) и едно лице на возраст од 17 години сите од Мислодежда-струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Љ.М. и 17 годишната сопатничка, додека останатите лица се здобиле со телесни повреди.

На сите им била укажана помош во Клиничката болница во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега