Инцидент пред хотел во Стар Дојран - две лица повредени, а две уапсени

 

Синоќа било пријавено дека во периодот од 02:10 до 03 часот, пред хотел во Стар Дојран, дошло до физичка пресметка во која учествувале повеќе лица, а бил употребен и нож.

З.М.(45) од Скопје се здобил со убодни рани во телото, а И.С.(33) од Гевгелија сe здобил со повреди и им била укажана помош во Медицинскиот центар Гевгелија.

Во врска со овој случај, приведени се К.Р.(24) и Р.С.(21) двајцата од Струмица.

Известен е јавен обвинител и по насоки на обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на другите учесници и расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2019 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега