ФОТО: "Добра е за здравје и расположение" - баба пече ракија на 97 години

Најстарата жена во селото Шаптиновци во Хрватска, 97-годишната Љубица Абичиќ, сеуште добро се држи и верувале или не си пече ракија на оваа возраст, пренесува „Глас Славоније“.

Оваа старица со оглед на нејзината возраст не може да собира сливи, па за тоа и помага внукот, а таа потоа пече ракија.

- Ќе ги истресам сливите во котелот, го затворам и ќе го наложам оганот. Некогаш се печела слаба ракија од 13 степени. Со неа селаните на полето си ја гаснеле жедта. Денес се пече ракија од 20 степени и таа е најдобра, но е лута. Најпивлива е онаа од 18 степени. Квалитетната ракија несмее силно да го жари грлото и несмее да има јак мирис, раскажува баба Љубица за порталот „Глас Славоније“.

Ракијата е добра за здравје но и за добро расположение. Добра е и за отворање апетит вели бабичката.

03.10.2013 - 10:05
Фото: 
гласславоније

најчитано сега