Дванаесет силувања на „Октоберфест“ во Минхен

Годинава на фестивалот на пиво „Октоберфест“ во Минхен се пријавени 12 случаи на силувања, што е двојно повеќе во однос на минатата година.

Како што соопштуваат германските власти истрагата била во тек за два инциденти, со цел да биде утврдено дали станува збор за сексуални напади.

Организацијата која се грижи за безбедноста на жените на „Октоберфест“ досега пружила помош на 83 лица. Жените што бараат помош често се изгубиле од својата фамилија или имаат потреба да се вратат во својот дом.

 „Октоберфест“  е најголемиот  фестивал на пивото и трае од 21 септември до 6 октомври.

03.10.2013 - 09:59

најчитано сега