Страотна сообраќајка во Индија - загинаа 28 лица меѓу кои и деца

Утринава во Индија се случила страотна сообраќајна несреќа во која загинаа 28 лица меѓу кои и 13 деца.

До несреќата дошло кога камион се удрил во два минибуса, околу 60 километри западно од градот Гаухати, престолнина на индиската држава Асам.

Голем камион удрил во два минибуси кои до локалната циглана превезувале работници, од кои некои биле со деца. Меѓу загинатите веројатно е и возачот на камионот. 

Инаку, во несреќата повредени се 20 лица.

03.10.2013 - 09:36
Фото: 
А1.он