Скопјанец остана без златен накит вреден 300.000 денари
Пред два дена во полициската станица во Ѓорче Петров, 46-годишниот З.П. од Скопје пријавил дека во период од 9 часот и 30 минути до 22 часот и 30 минути, била ограбена неговата куќа на улицата Антон Чехов во Скопје.
Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со погоден предмет или алат делувал на двокрилен прозор од кујната, го отворил, се качил на катот од куќата и откако извршил пребарување во спалната соба, пронашол и одзел златен накит.
Со тоа, крадецот причинил штета од 300.000 денари.
Полицијата работи на расчистување на случајот.