Сабајле и ноќе грч ладно - еве какви температури да очекувате

Времето во Македонија ќе биде сончево. Претпладне ќе има мала до умерена облачност. И утре ќе дува умерен долж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје претежно сончево, ветровито и постудено. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во петок и сабота времето ќе биде сончево, а во текот на ноќта ведро и студено. Утринската температура на некои места ќе се спушти и под нулата, додека пак дневната ќе биде во благ пораст. 

03.10.2013 - 08:09

најчитано сега