Малолетник предизвика сообраќајка во Штип - две лица повредени

 

Вчера во 14:30 часот било пријавено дека во Штип на булеварот „ЈНА“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха ФЗ-6“ управуван од 17-годишно лице од Штип и патничко моторно возило „БМВ Х-3“ со штипски регистерски таблици управувано од А.К.(27) од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила А.К., констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега