Полицијата упадна во дом на кичевчанец и веднаш го приведе

Од 16,00 до 19,30 часот во селото Лисичани- Кичево, од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Кичево и униформирани полициски службеници од Полициската станица  Кичево по наредба на Основен суд Кичево извршен бил претрес во домот на Б.Д. (40) од селото.

Пронајдени и одземени се марихуана,  16 саксии со растение канабис, девет пластични шишиња со непозната течност, како и други предмети.

По дадени насоки од Јавен обвинител од Гостивар, Б.Д. со кривична пријава за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 255.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега