Тешка несреќа на Велики Петок во Македонија: Возило излета има повредени

Во 13,35 часот вчера на регионалниот пат село Пршовце - село Јегуновце-Тетово, пред сепарацијата за бетон, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ. Н.(33) од Копанце-Тетово, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.О. додека Ќ.Н. и сопатничката А.О. се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиниката во Тетово се пуштени на домашно лекување.

Увид извршила екипа од Полицијата во Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2019 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега