Ветиле дека ќе им помогнат за лекување па ги измамиле - Македонската полиција ги фати

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 30-годишниот Л.С. од Косово и 23-гоидшниот С.С. од  Албанија  поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „измама’’.

Во мај 2017 година пријавените со лажно прикажување на факти довеле во заблуда четири лица од тетовското подрачје, на кои им се претставувале како лица на кои им се потребни парични средства за лекување, посредување за добивање на работни виза или продажба на возила.

Од лицата тие одземале пари и не им ги враќале. На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 984.000денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2019 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега