Филмска бркотница кај Неготино: Се превртеле со возило додека бегале од полицијата

 

Во 17:20 часот се случила вистинска филмска бркотница во Неготино, кога униформирани полициски службеници  од полициската станица за граничен надзор Михајлово, кај селото Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, забележале патничко моторно возило „Фиат браво“.

Возилото било управувано од 20-годишниот И.Е. од Шуто Оризари-Скопје, а во него се превезувале мигранти.

Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината. Во близина на ТЕЦ-Неготино, И.Е. излетал од коловозот.

Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници  се приведени.

Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2019 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега