МВР со детали за убиството во Рашче
Во 15 часот синоќа на влез во селото Рашче-Скопје, додека 69-годишниот Ш.Џ. од Сарај се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило.
За жал, Ш.Џ. починал на местото на настанот.
Извршен е увид од страна на Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Се работи на расчистување на случајот.
26.04.2019 - 12:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа