Бил усмртен веднаш - Убиеното лице во Рашче на обдукција

 
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко лице.

Според првичните информации од увидот, лицето било лишено од живот со истрели од огнено оружје.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Издадени се наредби за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место.

Претходно, Пресс24 дозна дека  во сега убиениот е пукано од џип во движење со бугарски регистерски таблички. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега