Голема полициска хајка во скопско Бардовци

Вечерва во елитната скопска населба Бардовци, поголема група на полициски специјалци интервенирала во обид да спречи неколкумина разбојници да извршат тешки кражби низ населбата, јавува Република.

30-тината специјалци, по претходно добиените инфомации вечерва се обиделе да ги спречат крадците. По подолго бркање и трагање по нив, неколкумината разбојници сепак во темницата успеале да ѝ побегнат на полицијата.

Населбата Бардовци, позната како една од побогатите и елитни населби во Скопје, честопати била на удар на разбојници.

02.10.2013 - 23:18