Премиерот Груевски на средба со Тони Блер

Шефот на македонската Влада, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер.

Средбата ќе се одржи во Владата на Република Македонија, во 17 часот и 30 минути.

Инаку, ова е прва посета на Блер во Македонија. Вечерва тој ќе се обрати на мировниот самит во рамки на Сахара Балканскиот мировен фестивал.

02.10.2013 - 16:23