Поради финансиската криза Обама остана без телефон

На телефонот во Белата куќа денеска одговарала техничка секретарка која објаснува дека претседателот неможе да се јави, заради финанскиските проблеми со кои моментално се соочува САД.

„Здраво, ја добивте извршната канцеларија на претседателот. Се извинуваме, но поради отсуството на федерално финансирање, не сме во можност да го примиме вашиот повик. Откако тоа повторно ќе биде вратено, нашата работа ќе продолжи. Ве молиме тогаш јавете се повторно. Ви благодариме.“

 Откако Конгресот не успеа да постигне компромис за буџетот, пред истекување на крајниот рок, белата куќа постави блокада и нареди вработените во владините служби да заминат на принуден одмор.

02.10.2013 - 15:47

најчитано сега