Кили пуштен во домашен притвор

Кривичниот  совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи актерот Кирил Поп Христов Кили да биде пуштен во домашен притвор.

Ккао што пренесува Алфа, актерот е пренесен дома каде ќе продолжи да се лекува, откако туморот кој го има неколкукратно се зголемил. Дополнително Поп Христов има хепатит Ц, а има потешка повреда и на едната рака.

Инаку, пред неколку денови Јавното обвинителство му покрена обвинителен акт за прозиводство и пуштање во промет на наркотици.

02.10.2013 - 15:30
Фото: 
Факултети.мк