Македонскиот филм „Старо купуем“ во официјална селекција за фестивалот во Бар

Македонскиот филм  „Старо купуем“ во режија на Младен Крстевски и во продукција на „ВЕ-МА филм“ влезе во официјална селекција на 18. фестивал во Бар, Црна Гора.

Инаку, филмот ја имаше ссвојата премиера во ДОМ на АРМ во февруари месец годинава. 

Улогите ги играат Ѓорѓи Тодоровски, Младен Крстевски, Маја Вељковиќ, Кица Ивковска, Алексасндар Шехтански и Александар Вељановски. Директор на фотографија е Слободан Стојков, сенографијата е на Иван Вељановски, а музиката на Ана Митова-Дишлиеска.

- „Старо купуем“ се однсува на бегството од секојдневието, за луѓето кои секојдневно ги гледаме околу нас, по контејнери, за луѓето со неостварени желби, фантазијата за побогат живот. Иако навидум хуморот е присутен во филмот, сепак трагичноста не ги одминува ликовите, соопшти продукцијата „ВЕ-МА филм“.

02.10.2013 - 15:07
Фото: 
Коолтура