Лекарите предупредуваат: Внимателно со јајцата за Велигден
Лекарите советуваат граѓаните да не претеруваат со јадењето јајца за време на велигденските празници, пренесе Здравство24.
-Акутниот панкреатитис може да направи сериозни компликации и може многу тешко да заврши,вели д-р Игор Спироски од ИЈЗ кој препорачува за време на празниците да се јадат онолку јајца колку што се јадат и во еден обичен ден и се да биде во умерени граници, пренесува Здравство24.
Инфектолозите предупредуваат јајцата да се јадат најмногу до 3-от ден откако ќе бидат сварени и бојадисани бидејќи лесно се расипуваат од топлото време.