ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на 5. ќе му го зададат последниот удар на Заев и Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ денеска со реакција на прес-конференцијата на Пендаровски.

Граѓаните вчера ги поразија антидржавните политики на Заев и Пендаровски. Граѓаните порачаа дека не поддржуваат криминал, корупција и непотизам.

Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ги поразија СДСМ, ДУИ и уште 30-тина партии кои застанаа зад Пендаровски.

Бранот на промени е тргнат. Македонија бара право и правдина.

Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина. Гордана Сиљановска Давкова е кандидат кој обединува, носи подобра иднина и гарантира почитување на уставот и законите.

Заев и Пендаровски изгубија и тие го знаат тоа. Доволен знак се нивните панични реакции и бледи прес конференции како вчера така и денес.

Граѓаните ќе му го зададат и крајниот удар на Заев и Пендаровски на 5-ти мај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега