За чисти теписи: Едноставен и евтин прашок што можете сами да си го направите

 

Кога теписите мирисаат свежо и пријатно, целиот амбиент во домот се менува. Наместо да давате пари за скапи детергенти или да се мачите да ги перете теписите, направете си го овој домашен прашок со кој ќе ги чистите теписите секогаш кога ќе има потреба за тоа.

Содржи неколку едноставни состојки кои не ја загадуваат околината како хемикалиите во детергентите, а скоро сите ги имаме дома и се прави многу брзо и лесно.

Потребно е:

2 шолји сода бикарбона

½ шолја пченкарен скроб

½ шолја пченкарно брашно

1 лажичка каранфилчиња

4 ловорови ливчиња

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер, на мала брзина.

Сода бикарбоната ја впива нечистотијата, а ловоровите ливчиња даваат свеж мирис и делуваат антибактериски.

Ставете ја смесата во сад со решетка, како оние во кои се чуваат сол и бибер, но со поголеми дупчиња.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега