Тешка несреќа во Македонија: Паднал во провалија длабока 20 метри
Oколу 12.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во сeloto Горна Баница, гостиварско, 72-годишниот Ќ.М. од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека истоварал шут и земја во депонија во атарот на селото со товарно возило.
Според пријвеното, при кревање на сандакот за истовар, истиот го повлекол во провалија од околу 20 метри. Со тешки телесни повреди Ќ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
22.04.2019 - 10:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа