Трагедија во скопско: Мотори се забија во камион, младо момче почина веднаш
Во 12.45 часот на автопатот „Пријателство“, атар на селото Ржаничино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило - влекач „МАН“ со полуприколка „Шмитз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот С.Ј. од Скопје, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот Б.Ѓ. од Скопје и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот В.М. од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобиле возачите на мотоциклите. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде Б.Ѓ. им подлегнал на повредите, додека со тешки телесни повреди В.М. бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа