СДСМ: Со Пендаровски одиме заедно напред, очекуваме поголема поддршка
СДСМ денеска со соопштение по изборите вчера за претседател на државата, а ние ви го пренесуваме интегрално.
Победата на Пендаровски во првиот круг најавува уште поголема поддршка од граѓаните за концептот Заедно Напред во вториот круг!
На фер, слободни и демократски избори победи Стево Пендаровски во првиот изборен круг.
Победата на Пендаровски во првиот круг најавува уште поголема поддршка од граѓаните за концептот Заедно Напред во вториот круг, на 5-ти мај.
Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати се сплотени околу концетот на Стево Пендаровски за напредок и заедиништво.
Во вториот круг, граѓаните уште посилно ќе го поддржат напредокот, ќе го поддржат концептот кој води кон НАТО и ЕУ!
Уште повеќе граѓани ќе се приклучат кон победата на Пендаровски!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа