Красниќи и Љимај му кажаа збогум на Тачи

Демократската партија на Косово (ДПК) на премиерот Хашим Тачи ја напуштија Претседателот на косовското Собрание Јакуп Красниќи, Фатмир Љимај и уште неколку други членови кои подготвуваат формирање на нова политичка сила, пишува денеска весникот „Зери“.

Красниќи изјави дека му е жал што заминува од ДПК, но дека „не гледа друг излез“. Тој смета дека ДПК се претворила во тоталитарна партија и го игнорира мислењето на интелектуалците. Тој додаде  дека се подготвува да формира нова партија, каде ќе доминираат демократските вредности, „а не гласот на тоталитарен лидер како што е Хашим Тачи во ДПК“.

- Имав понуди и од „Самоопределување“ на Албин Курти и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, меѓутоа сепак ќе останам доследен со основање на нова партија, нагласи претседателот на косовското Собрание. 

02.10.2013 - 14:42

најчитано сега