17 земји се согласија да примаат бегалци од Сирија

Според агенцијата за бегалци на Обединетитте нации седумнаесет земји, меѓу кои и САД, Франција и Австралија, изразија согласност да примаат бегалци од Сирија.

„Засега имаме 17 земји кои ќе учествуваат во нашата програма во Сирија“, изјави регионалниот претставник на УНХЦР Петер Кеслер.

 Повеќе од два милиони Сиријци се регистрирани како бегалци. Моментално најголем проблем има Либан каде официјално има 760.000 сириски бегалци, додека нивниот вистински број може да изнесува и еден милиони, што е значителен број за земја со вкупно четири милиони жители.

02.10.2013 - 14:40