Села се пожали на закани кон нивниот кандидат: Да гласаме за држава за сите

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села очекува фер и демократски избори, кои, според него, се многу важни за патот на Северна Македонија кон Европската унија.

По остварувањето на своето граѓанско право на избирачкото место 1899 во основното училиште во село Ливада, Села ги повика граѓаните да го остварат своето право да излезат и да гласаат мирно.

-Граѓаните да излезат и да гласаат мирно. Да го дадат својот глас за оној за кој тие одлучиле. Да гласаат за правна држава, да гласаат за држава за сите, за продолжување на патот кон НАТО и ЕУ, изјави Села.

Лидерот на Алијансата на Албанците се пожали на уцени и притисоци и лоша пропаганда кон нивниот претседателски кандидат.

-За жал деновиве бевме сведоци на уцени и притисоци на правење лоша пропаганда, многу подла од страна на портали што се блиски на партијата на власт. Единствен начин власта да се огради од овие термини е да профункционира законот и да се казнуваат, рече Села.

За очекувањата за нивниот претседателски кандидат, тој нагласи дека влегле во трка за да победат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2019 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега