Сино комбе кружи во Ѓорче и преку разглас ги повикува граѓаните на бојкот

 

Сино комбе кружи во скопската општина Ѓорче Петров и преку разглас ги повикува граѓаните да ги бојкотираат изборите, објави „Плусинфо“.

Случајот е пријавен и во МВР од каде испратиле екипа да провери на терен и да потврди дали има такво нешто, по што ќе се преземаат соодветни мерки и активности.

– Во полиција е пријавено дека во 14.35 часот на улицата „4 јули“ кон Ѓорче Петров 2, се движи сино комбе, со непозната марка и непознати регистрации, од кое преку разглас на македонски јазик се повикува да не се излегува на гласање. Се преземаат мерки и активности за потврдување на пријавата – велат од МВР за Плусинфо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2019 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега