Македонците во Брисел го дочекаа Велигден во црквата „Свети Илија“

 

Неколку стотини Македонци од градовите Лиеж, Бриж, Вилворд и Брисел, синоќа во македонската црква “Свети Илија“ во главниот град на Белгија го дочекаа големиот христијански празник Велигден.

Вчера Македонците во голем број присуствуваа на свечената литургија што во малата црквичка во областа Монтгомери ја спроведе струмичкиот поп Боро, со дозвола на Европската епархија при Македонската православна црква, пренесе МИА.

- Ви посакувам здравје, среќа и успех и секогаш да бидете горди Македонци и да ја сакате својата татковина Македонија,  им посака отецот Боро, пред точно на полноќ со радосен восклик „Христос Воскресе!“ заедно со македонските иселеници и претставници на македонските мисии при Европската унија и НАТО, да го прогласи почетокот на големиот празник.

Македонците од Белгија  по завршувањето на литургијата пристапија кон традиционалното кршење со вапцани јајца. 

најчитано сега