Мицкоски: Како ќе одиме напред кога Заев и Стево се истите кои ветуваа, а ништо не исполнија

На Алфа телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ние не можеме да одиме напред, оној кој што вели дека 102,5% е ист како Зоран Заев по принципот на Мирчо свињарникот, живи луѓе ќе јадеме, по принципот евро за Вице не може да се одиме напред.

Мицкоски вели дека тој одбива на „таков напред“, а тоа се случува и масовно во Република Македонија затоа што граѓаните одбиваат, немаат доверба во овие луѓе.

-Што не ветија, а не исполнија, тргнете од ветувањата кон земјоделците, преку 10.000 километри поминавме низ Македонија знаеме точно што се случува поинавме од Ресен од оние луѓе кои што ги сечат јаболката, затоа што 1 денар е кило јаболка, за сливите во Малешевијата, праските во Росаман, немаме еден човек кој е задоволен, вели Мицкоски.

Тој исто така истакна дека министер со подновени патики од Дубаи одлучи во последен момент одлучи да им даде субвенции на луѓето за да тргува со нивниот глас.

Мицкоски посочи дека ако три дена пред избори им се дадат субвенции на луѓето, власта мисли дека луѓето ќе гласаат за нив, но тоа е манипулација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега