Силјановска: Новинари го следеа моето семејство, ме испратија и во Бардовци
Во текот на претседателската кампања, Гордана Силјановска – Давкова на вечерашната дебатна емисија на ТВ21 рече дека новинари го следеле и го ставале на насловни страници, и на крај доживеала човек од штабот на нејзиниот противкандидат да ја испрати во Бардовци.
-На атак беше изложено и моето семејство, но не преку сајбер византиски игри, туку директно од новинари, го следеа нивното вижење, ги ставаа на насловни страници, што е спротивно на европската конвенција за човековите права и на крај доживеав човек од штабот на мојот противкандидат на Фејсбук да ме испрати во Бардовци. Би можела јас да го посетам Бардовци за правен лек да им дадам на луѓето, а јавноста македонска може да суди за нашето однесување - кажа Силјановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа