Мицкоски: На 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај ВМРО-ДПМНЕ победува убедливо на претседателските избори

 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека на 21-ви април,  а потоа и  на 5-ти мај ВМРО-ДПМНЕ победува убедливо на претседателските избори.

-Сакам овде во Пробиштип да ја соопштам онаа добра вест која што изминативе 20 дена интензивно секаде во Македонија во домовите се зборува.   А тоа е дека на 21-ви април, а потоа на 5-ти мај толку големо победуваме  што нема да знаат што ги снашло.  Победа најпрво на претседателските избори а потоа победа на предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

Тој исто така објасни дека состојбите во земјоделието се катастрофални и дека сите ветувања од гарантиран откуп до повисоки цени на производите и повисоки субвенции  се само лаги на СДСМ на чело со Зоран Заев.

-Земјоделците морат со пили да ги сечат крошните на јаболкниците затоа што немаат кому да го продадат родот бидејќи еден килограм јаболка е 1 денар.  Но истовремено не потсетија на сите лаги на Зоран Заев  сите лаги на Зоран Заев дека ќе има загарантиран откуп , дека ќе има честита цена за трудот на земјоделецот дека ќе има зголемени субвенции и поддршка  за земјоделецот. Две години потоа овој политички измамник се срами и дури да спомене  за тоа ветување, објасни Мицкоски.

Мицоски кажа дека заради катастрофалната состојба во земјава предизвикана од владеењето на СДСМ и Зоран Заев  голем број на луѓе се иселуваат од државата и тоа зазема се поголем интензитет и замав.

Разговаравме со нашите сограѓани болката е голема , се сеќавате на овие ветувања пред Владата кога ги поставуваа чевлите дека луѓето се иселуваат. Во Виница луѓето ни соопштија дека само два дена пред ние да дојдеме повеќе од 500 луѓе ја напуштиле Македонија и заминале во друга дестинација во Европа. За само една година 100.000 наши сограѓани ја напуштија Македонија и никогаш не се вратија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски појасни дека ситуацијата во земјата е трагична и дека Македонија се движи во многу лоша насока и повика на масовна излезениот на претседателските избори за да се стави крај на оваа голгота низ која поминуваат граѓаните.

-Ситуацијата е трагична , Македонија браќа и сестри добри луѓе се движи во многу лоша насока. Да не биде после дека повторно ние сме предупредиле а тоа било само во нашите умови.  Ајде заедно масовно да излеземе на 21-ви април а потоа и на 5-ти мај. Онаа пролет која што ја најавивме во Охрид да ја донесеме во Македонија да ја обоиме со името на идниот претседател на републиката професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ  има јасна визија, програма методологија  и тим кој знае како да ги направи неопходните реформи во државата на чело со  кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Правна држава, враќање на правото и враќање на правната држава . Па има поголем гарант од идниот претседател на републиката дека имаме јасен план, јасна  визија , тим и методологија како да направиме вистински реформи за враќање на владеењето на правото и правната држава од најинспиративниот  професор на правниот факултет а тоа е идниот  претседател на републиката професорката Гордана Силјановска Давкова,  кажа Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега